ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ТРАМП ЈА ПРАША НОВИНАРКАТА „ДАЛИ СИ ТИ ГЛУПАВА?“ – еве што следеше потоа!

(ВИДЕО) ТРАМП ЈА ПРАША НОВИНАРКАТА „ДАЛИ СИ ТИ ГЛУПАВА?“ – еве што следеше потоа!
Kristal

Претседателот Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции на прес-конференција посветена на пукањето во близина на Белата куќа, каде што загина припадник на Националната гарда, а тројца други беа ранети.

За време на брифингот, новинарка го праша зошто ја обвинува претходната администрација на Џо Бајден за трагичниот инцидент во Вашингтон. Прашањето веднаш го испровоцираше Трамп, кој со остар тон возврати, предизвикувајќи шок кај присутните.

Тој изјави дека вината лежи кај политиките од времето на Бајден, кои, според него, овозможиле илјадници луѓе да влезат во земјата без соодветна контрола. Според неговата изјава, „законот што го донела претходната администрација“ ја отежнувал депортацијата на тие кои веќе биле влезени.

Трамп додаде дека групата која пристигнала со авион била „непроверена и неконтролирана“, опишувајќи ја ситуацијата како „срамота“ и укажувајќи дека безбедносните проблеми се последица на претходните политики.

Инцидентот на прес-конференцијата повторно го отвори прашањето за односот на Трамп со медиумите, но и за неговите ставови кон имиграцијата и националната безбедност – теми кои се сè почесто во центарот на јавните дебати во САД.

ВИДЕО

Escape