Актерката Тара Рид, позната од филмот „Американска пита“, била итно пренесена во болница по инцидент во хотелски бар во Чикаго. Според објавеното видео од ТМЗ, Рид прво едвај ја сместуваат во инвалидска количка, а потоа на носилка ја однеле во блиската клиника, додека се гледа дека неповрзано зборува и тешко се движи.
Рид изјавила дека верува дека станува збор за подметнување дрога и поднела полициска пријава. Нејзиниот портпарол наведува дека актерката моментално закрепнува и бара приватност, додавајќи дека таа ги повикува сите да внимаваат на своите пијалаци.
Во разговор со ТМЗ, Рид раскажала дека оставила само еден пијалак на шанкот и кратко излегла. Кога се вратила, чашата била покриена со салфетка, а тоа е последното што го памети пред да се разбуди во болница осум часа подоцна. Таа нагласила дека не пиела жестоки пијалаци и дека не очекувала нешто вакво да ѝ се случи.
Тара Рид планира да ги прегледа снимките од безбедносните камери и да поднесе официјална пријава. Актерката истакна дека е благодарна што се наоѓала на јавно место, бидејќи обезбедувањето можело веднаш да реагира, додавајќи дека ситуацијата можела да заврши многу полошо.
Инцидентот се случува само неколку недели по раскинувањето на шестгодишната врска со музичкиот продуцент Натан Монпетит-Хауар. Според извори блиски до Рид, таа е во одлична фаза и никогаш не била посреќна во последните години.
Тара Рид се прослави кон крајот на 1990-тите со улогата на Вики во „Американска пита“ и останува позната и по улогите во „Големиот Лебовски“ и „Шаркнадо“, како и по учеството во ријалити шоуа.
















