ПРВ.мк
Свет

Хамнеи: „Ти си најомразената личност во светот!“

Хамнеи: „Ти си најомразената личност во светот!“
Kristal

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, во обраќањето на државната телевизија ги изнесе своите ставови за последните конфликти, вклучувајќи ја дванаесетдневната војна против Израел и ситуацијата во Газа. Тој ги негираше обвинувањата дека Иран комуницирал со САД преку саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, нагласувајќи дека „Американската влада не е достојна за соработка со Исламската Република“.

Хамнеи истакна дека за време на конфликтот, „агресорите се вратија со празни раце“ и дека Иран ја покажал својата сила, иако претрпел загуби. Лидерот го повика иранскиот народ да се обедини против „непријателот“ и да ги поддржи претседателот и владата, како и да го намали расфрлувањето на храна и ресурси за подобра национална ситуација.

Во однос на војната во Газа, Хамнеи ја нарече „една од најголемите катастрофи во историјата и регионот“ и оцени дека Израел не ги постигнал своите цели, додека, според него, најомразената личност во светот е израелскиот премиер Нетанјаху, а владата на Израел – најомразена во светот.

Иранскиот лидер го нагласи значењето на „движењето на отпорот“ и ги повика луѓето да ја зајакнат врската со Бога преку молитви за дожд, безбедност и просперитет.

Escape