ПРВ.мк
Свет

Свештеник отстранет од служба по тешки обвиненија од малолетници - ова се деталите!

Свештеник отстранет од служба по тешки обвиненија од малолетници - ова се деталите!
Kristal

Светата митрополија на Јерисос, Света Гора и Ардамерион објавила соопштение во врска со поднесена пријава против свештеник кого пет малолетни момчиња го обвиниле за сексуално вознемирување. Според грчката полиција, свештеникот, 47-годишен маж кој служел во село во префектурата Солун, е пријавен дека минатиот август, „искористувајќи ја довербата на жртвите, со зборови и гестови го повредувал сексуалното достоинство на малолетниците“. Жртвите, деца на возраст од 12 до 15 години, самостојно се јавиле во локалната полициска станица, по што случајот го презела Дирекцијата за заштита на малолетници при Одделот за кривични истраги во Солун. Според сведочењата дадени пред стручни лица, дел од инцидентите се случиле во угостителски објект, а дел во приватен дом. При претрес на домот на осомничениот биле одземени мобилни телефони и електронски уреди, кои се испратени на лабораториска анализа. Досието за случајот ќе биде доставено до Основното јавно обвинителство во Солун, додека Митрополијата соопшти дека на свештеникот му е забрането да свештенодејствува додека трае истрагата.

Escape