ПРВ.мк
Македонија

МАСОВЕН ПРЕСВРТ ВО СЕМЕЈНИТЕ СТАТИСТИКИ - Дали браковите опаѓаат, а разводите растат?

МАСОВЕН ПРЕСВРТ ВО СЕМЕЈНИТЕ СТАТИСТИКИ - Дали браковите опаѓаат, а разводите растат?
Kristal

Државниот завод за статистика објави нови податоци кои јасно укажуваат на промена во семејните трендови во земјата. Во третото тримесечје од 2025 година е забележано намалување на бројот на склучени бракови, додека разводите бележат значителен раст.

Во периодот од јули до септември биле регистрирани 3.514 нови бракови, што претставува пад од 2.8 проценти во однос на истиот период минатата година. Овој пад дополнително го потврдува веќе видливиот тренд на опаѓање на интересот за склучување брак.

Истовремено, бројот на разводи значително пораснал. Во истото тримесечје се забележани 470 раскинати бракови – дури 27.7 проценти повеќе отколку во 2024 година. Овој драматичен пораст укажува на сѐ поголеми брачни тензии и растечка бракоразводност, што станува важен општествен индикатор за промените во семејните односи во земјата.

Escape