ПРВ.мк
Македонија

Министерството ја крена јавноста – најавена е мерка што ќе го смени секое училиште!

Министерството ја крена јавноста – најавена е мерка што ќе го смени секое училиште!
Kristal

Следната учебна 2026/27 година ќе стартува со голема промена во сите основни училишта во земјата: сите ученици ќе добијат бесплатни нови униформи, целосно финансирани од буџетот. Училиштата веќе планираат средства за оваа мерка, која има цел да донесе еднаквост, ред и подобра атмосфера во образовниот процес.

Со воведувањето на униформи, значително ќе се намалат трошоците што ги имаат семејствата, а истовремено ќе се избегнат споредбите и поделбите меѓу учениците по изглед, облека или брендови. Очекувањата се дека ова ќе има позитивно влијание и врз намалување на врсничкото насилство, кое често е поврзано со финансиски или социјални разлики.

„Младите се нашата иднина и секоја инвестиција во нив е инвестиција во подобро утре за сите нас“, стои во најавата.

Новите униформи треба да ја одбележат новата учебна година — со повеќе еднаквост, дисциплина и олеснет семеен буџет.

Escape