Дисциплинската комисија на ФФМ на својата последна седница донесе одлуки за санкционирање на играчи, функционери и клубови поради прекршувања на правилата и инциденти на теренот:
- Илјази Седат (ЗФК Шкендија Арачиново) – забрана за вршење функција 3 месеци.
- Дамјан Стојковски (ФК Осогово) – забрана за настап на еден натпревар.
- Кристијан Чурлинов (ФК Шкендија Арачиново) – забрана за настап на еден натпревар.
- Ферди Исмаили (ФК Шкупи 1927 АД) – забрана за вршење функција 2 години.
- Ајдари Шкелќим (ЗФК Шкендија Арачиново) – забрана за вршење функција 3 месеци.
- Даниел Карчески (ФК Брегалница) – забрана за настап на два натпревари.
- Јасир Беќири (ФК Шкендија Арачиново) – забрана за настап на два натпревари.
- Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција 1 година.
Клубот ЗФК Шкендија Арачиново дополнително е казнет со:
- забрана за присуство на публика на четири првенствени или куп натпревари,
- парична казна од 4.000 евра.
Санкциите се резултат на инцидентите од 13. коло против ФК Брегалница 2008 АД, каде беа забележани напад на гостински фудбалер и употреба на пиротехника, како и слаба организација на натпреварот од страна на домаќините.
















