ПРВ.мк
Црна Хроника

АПСЕЊЕ НА ЕДНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ: Двајца странци фатени со дрога и сомнителни пари - еве каде требало да пристигнат!

АПСЕЊЕ НА ЕДНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ: Двајца странци фатени со дрога и сомнителни пари - еве каде требало да пристигнат!

Двајца странски државјани биле лишени од слобода на граничниот премин Табановце, откако при гранична контрола и претрес во возило биле пронајдени марихуана и банкноти за кои постои сомневање дека се фалсификувани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 25 јули 2026 година во 17:58 часот, на влез во државата, кога полициски службеници на Граничниот премин Табановце ги привеле Х.Т. (24) од Германија и А.А. (27) од Србија.

При извршената пасошка контрола, гранични проверки и претрес на возилото „Хјундаи“ со германски регистарски ознаки, во кое двајцата биле сопатници, полицијата извршила преглед на личниот багаж.

Кај Х.Т. биле пронајдени и одземени марихуана, како и 34 банкноти од 50 евра за кои постојат сомневања дека се фалсификувани.

При проверка кај второто лице, А.А., биле пронајдени и одземени марихуана и шест банкноти од 50 евра за кои исто така постои сомнение дека не се оригинални.

Двајцата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово, каде што продолжува постапката за целосно расчистување и документирање на случајот.

Од МВР информираат дека по завршувањето на проверките против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести