ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВО: Петгодишно дете тешко повредено - МВР со детали!

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВО: Петгодишно дете тешко повредено - МВР со детали!

Петгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во кумановското село Доброшане, откако четирицикл со кој управувала 30-годишна жена излетал од контрола и се превртел на коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 25 јули 2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово.

Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Козјачка“ и „Велко Стаменковски“ во селото Доброшане, каде што 30-годишната С.П. од истото село управувала четирицикл со кумановски регистарски ознаки.

Од засега непознати причини, возачката изгубила контрола над возилото, по што четирициклот се превртел на коловозот.

Во несреќата најтешко поминал петгодишниот сопатник, кој се здобил со тешки телесни повреди. Со телесни повреди се здобиле и возачката, како и уште еден осумгодишен сопатник.

По пријавувањето на несреќата, на местото излегла увидна екипа од СВР Куманово, која извршила увид и работи на утврдување на точните причини и околности под кои се случила несреќата.

Најнови вести