Жител на Велес преку јавна објава побара помош од граѓаните откако, како што наведува, од неговото возило била украдена црна машка чанта од марката „GUESS“, во која се наоѓале неговите лични документи.
Според објавеното, кражбата се случила денеска во близина на мостот и маркетот „КАМ“ во Велес, на локацијата прикажана на фотографијата што ја споделил.
Во чантата имало повеќе лични документи, меѓу кои и странски документи, за кои сопственикот посочува дека му се од особено голема важност.
Тој нагласува дека не му е важна самата чанта, туку единствено сака да си ги врати документите. Поради тоа, нуди и парична награда за лицето кое ќе ги пронајде и ќе му ги врати.
Преку објавата ги повикува сите граѓани на Велес, доколку ја забележат чантата или пронајдат некој од документите, да го контактираат преку приватна порака.
Воедно, упатува апел објавата да биде споделена за информацијата да стигне до што поголем број луѓе и да се зголемат шансите документите да бидат пронајдени и вратени.







