Полицијата трага по 27-годишен жител на Тетово, кој е пријавен за исчезнат откако го напуштил работното место и оттогаш му се губи трагата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Тетово од страна на неговиот 56-годишен татко.
Тој пријавил дека на 29 октомври, околу 15 часот, неговиот син со иницијали Б.И. заминал од фабриката во која работел, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“.
Бидејќи до 20:25 часот не се вратил дома, таткото се обратил во полиција и го пријавил неговото исчезнување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на 27-годишникот.





