ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕН ДВОР: 14-годишник заврши во Ургентен центар со тешки повреди по напад од врсник!

НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕН ДВОР: 14-годишник заврши во Ургентен центар со тешки повреди по напад од врсник!

Физички напад меѓу двајца малолетници во училиште во Тетовско завршил со тешки телесни повреди на едно од децата. Четиринаесетгодишник од селото Милетино бил нападнат од свој врсник во училишниот двор, по што морал да побара лекарска помош.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Тетово, случајот бил пријавен вчера во 12:30 часот, откако од Ургентниот центар во Тетово ја известиле полицијата дека кај нив било донесено 14-годишно дете со тешки телесни повреди.

Од пријавеното произлегува дека повредите ги добило за време на физички напад од друго малолетно лице, негов врсник, кој се случил во кругот на училиштето.

Тетовската полиција информира дека презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што треба да бидат утврдени сите околности поврзани со инцидентот.

Најнови вести