ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: 46-годишен маж починал во својот дом!

ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: 46-годишен маж починал во својот дом!

Четириесет и шестгодишен маж од Битола бил пронајден починат во својот дом на улицата „Довлеџик“, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 29 октомври 2026 година, во 14:30 часот. По пристигнувањето на екипата на Итната медицинска помош, лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за да се изврши обдукција и да се утврдат причините за смртта.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Битола.

Најнови вести