ПРВ.мк
Балкан

ВУЧИЌ УДРИ ОСТРО: „Ми се гади од таквите луѓе“

ВУЧИЌ УДРИ ОСТРО: „Ми се гади од таквите луѓе“

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон луѓето кои, според него, ги напуштаат своите долгогодишни соработници и се откажуваат од заедничките идеи, планови и политички програми токму кога ситуацијата станува најтешка.

Во видеообраќање, Вучиќ порача дека кризните моменти најдобро покажуваат кој останува доследен на заедничките цели, а кој се повлекува и ги напушта луѓето со кои претходно соработувал.

„Оние што ве напуштаат, оние што вршат предавство на идеи, планови, програми и луѓе, во првите тешки моменти се најгласни“, изјави Вучиќ, нагласувајќи дека ваквото однесување го згрозува, но истовремено не го изненадува.

Осврнувајќи се на лицата кои, како што тврди, по долгогодишна соработка одлучуваат да се дистанцираат, српскиот претседател рече дека тие често наместо да ги објаснат причините за својата одлука, реагираат со лутина кон оние што ги напуштаат.

„Секогаш се лути на вас, а не да кажат: „Жал ми е, морав“. Не, не секогаш имаат доволно причини да го прават тоа“, рече тој.

Вучиќ додаде дека дел од овие луѓе, според неговите тврдења, биле незадоволни во текот на изминатите 12 до 14 години, но тоа не го покажувале јавно и продолжувале да ја одржуваат соработката.

„Ми се гади од таквите луѓе и не сум изненаден“, порача српскиот претседател.

Покрај критиките упатени кон поранешните или актуелните соработници, Вучиќ во истото видео најави и претстојни партиски активности на Српската напредна странка (СНС).

Според најавениот распоред, утре треба да се одржи состанок на Извршниот одбор, додека задутре се планирани состаноци на Претседателството, Главниот одбор и пратеничката група на партијата.

Најнови вести