ПРВ.мк
Македонија

Второто издание на LUMA Festival го носи Велес во поинаков свет за една ноќ

Второто издание на LUMA Festival го носи Велес во поинаков свет за една ноќ

На 11 јули, од 20:00 до 03:00, Костурница во Велес ќе се трансформира во фестивалска сцена под отворено небо за второто издание на LUMA Festival.

На историската локација на ридот, со поглед кон целиот град, LUMA носи модерен HOUSE звук, светски и регионално препознатливи артисти, визуелно доживување и современ фестивалски вајб кој го издвојува настанот како едно од најатрактивните летни искуства во регионот.

Под мотото “Different world for one night”, фестивалот создава атмосфера во која музиката, светлата, локацијата и публиката се спојуваат во една уникатна ноќ.

Оваа година на сцената настапуваат HVMZA од Белгија, Divolly & Markward од Србија, како и DULELUD и DJ BOBI, носејќи интернационален звук и енергија на една од највпечатливите локации во Велес.

LUMA Festival е повеќе од музички настан — тоа е модерно фестивалско искуство, создадено за публика која бара поинаква атмосфера, силна енергија и моменти што остануваат.

LUMA Festival

11 јули | 20:00 – 03:00

Костурница, Велес

HOUSE music | Festival vibes | Different world for one night