ПРВ.мк
Македонија

Опасност скриена под земја: Во Богданци откриена смртоносна граната стара повеќе од 100 години

Опасност скриена под земја: Во Богданци откриена смртоносна граната стара повеќе од 100 години
Kristal

Необична и потенцијално опасна ситуација беше пријавена денеска во општина Богданци, откако во индустрискиот дел на градот беше пронајдено неексплодирано убојно средство од Првата светска војна.

Според информациите од СВР Гевгелија, пријавата била доставена утрово, по што веднаш биле преземени безбедносни мерки. На терен излегло стручно лице од Дирекција за заштита и спасување, при што пиротехничарот Зоран Пеев утврдил дека станува збор за ретка минофрлачка граната од 70 милиметри, датирана од периодот на Првата светска војна.

Гранатата била класифицирана како неексплодирано убојно средство (НУС), што претставува сериозен ризик доколку не се постапи согласно строгите безбедносни протоколи. По детална проценка на состојбата, извршени се сите неопходни пиротехничарски и деминерски проверки.

Со примена на стандардни оперативни процедури, гранатата била безбедно подигната од местото каде што била пронајдена и транспортирана на безбедна локација, каде што ќе следи нејзино контролирано уништување.

Од надлежните институции потсетуваат дека и по повеќе од сто години, вакви остатоци од минатите војни сè уште можат да се појават и претставуваат сериозна опасност. Граѓаните се повикуваат при вакви наоди веднаш да пријават и да не се обидуваат сами да ги отстрануваат.

FixCredit
Escape