Со полагање свежо цвеќе пред спомен-бистата во село Марена, достоинствено беше одбележана 25-годишнината од трагичната смрт на македонскиот војник Блашко Толев.
Со овој чин беше оддадена почит на неговата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината. Присутните уште еднаш се потсетија на неговиот подвиг, кој останува траен симбол на чест, достоинство и патриотизам.
Споменот на Блашко Толев продолжува да живее како сведоштво за неговата жртва и несебична служба кон Македонија.
Вечна му слава!







