ПРВ.мк
Македонија

Младинскиот гитарски оркестар „Каровски“ приреди незаборавна вечер во Кавадарци

Младинскиот гитарски оркестар „Каровски“ приреди незаборавна вечер во Кавадарци

Во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, на Градскиот плоштад во Кавадарци се одржа уште една успешна културна вечер, исполнета со музика и одлична атмосфера.

Пред бројната публика настапи Младинскиот гитарски оркестар „Каровски“, кој со внимателно избраниот репертоар и одличната изведба ги воодушеви присутните и создаде незаборавно музичко доживување.

Концертот беше проследен со голем интерес од граѓаните, кои со своето присуство уште еднаш ја потврдија поддршката за културните настани што се организираат во градот.

Организаторите упатија благодарност до сите посетители што беа дел од оваа вечер и најавија дека „Кавадаречко културно лето 2026“ продолжува со нови содржини, концерти и културни настани во наредниот период.