Четириесет и едногодишен жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен синоќа околу 19:50 часот во Секторот за внатрешни работи Битола. Нападот се случил додека Н.И. престојувал во шумски предел во близина на селото.
По нападот, повредениот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош.
Засега не се соопштени дополнителни информации за тежината на повредите, ниту за околностите под кои дошло до нападот. Надлежните институции го документираат случајот.









