ПРВ.мк
Македонија

Пешачки премини и нови линии: Улицата „Задругарска“ во Кавадарци целосно уредена

Пешачки премини и нови линии: Улицата „Задругарска“ во Кавадарци целосно уредена

На новореконструираната улица „Задругарска“ е завршено поставувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација, со што дополнително се подобрува безбедноста и се овозможува поуредно одвивање на сообраќајот.

Во рамки на активностите се исцртани коловозни линии и пешачки премини, а поставени се и сообраќајни знаци, согласно важечките стандарди за безбедност.

Со овие зафати, улицата добива модерен и функционален изглед, а се создаваат подобри услови за безбедно движење и на возачите и на пешаците.

Надлежните посочуваат дека ваквите инфраструктурни активности се дел од заложбите за унапредување на локалната патна мрежа и зголемување на безбедноста во сообраќајот.