ПРВ.мк
Македонија

ЕДЕН ПРЕМИН Е ПОБРЗ ОД ДРУГИТЕ: Еве каде патниците бараат спас од колоните за влез во Грција

ЕДЕН ПРЕМИН Е ПОБРЗ ОД ДРУГИТЕ: Еве каде патниците бараат спас од колоните за влез во Грција

Почетокот на летната туристичка сезона и продолжениот викенд предизвикаа големи гужви на граничните премини кон Грција, каде што патниците утрово се соочуваат со повеќечасовни задржувања.

Според информации од терен, најголеми колони има на граничните премини Богородица и Евзони, каде што за преминување на границата се чека по неколку часа. Значителни задржувања се бележат и на преминот Дојран, каде што сообраќајот е значително зголемен.

Дел од патниците поради долгите колони се одлучуваат за алтернативната рута преку граничниот премин Меџитлија, каде што во моментов чекањата се пократки во споредба со останатите премини.

Најголемиот дел од возилата се туристи кои заминуваат на одмор во грчките летувалишта, а надлежните очекуваат зголемениот интензитет на сообраќај да продолжи и во текот на денот.

На возачите им се препорачува навреме да се информираат за состојбата на граничните премини и да предвидат дополнително време за патување поради засилената фреквенција на возила.