ПРВ.мк
Македонија

Нови правила за увоз на автомобили: еве ги деталите

Нови правила за увоз на автомобили: еве ги деталите

Од денеска стапија во сила изменетите правила за увоз на возила кои носат вистинска револуција за сите граѓани и компании што сакаат да внесат автомобил од странство.

Според новиот Правилник, сите возила кои веќе имаат европско или македонско одобрение повеќе нема да поминуваат долги и комплицирани постапки за единечно одобрување. Ќе се врши само проверка на техничката исправност и идентификација, што значи двојно побрзо завршување на целата процедура.

Единечно одобрување ќе биде потребно само за возила без претходно издадено национално или европско одобрение, а за нивната проверка ќе се грижи Бирото за метрологија. Роковите за одобрување се преполовени, што ќе донесе уште поголема ефикасност и заштеда на време.

Најголемата предност е финансиската – наместо околу 1,3 милиони евра годишно кои досега завршуваа кај странски компании за TÜV потврди, сега тие пари ќе останат во Македонија. Потврдите ќе ги издаваат домашни овластени застапници, по цена од само 40 до 50 евра, што е значително пониско од досегашните трошоци.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нагласува дека конечно, по 17 години, Законот за возила почнува целосно да се применува во согласност со европските стандарди – олеснувајќи ја процедурата, намалувајќи ги цените и заштедувајќи им пари на сите граѓани.

Escape