ПРВ.мк
Свет

Путин открива: Постигнал „тајно разбирање“ со Трамп за крајот на војната во Украина – ултиматумот истекува!

Путин открива: Постигнал „тајно разбирање“ со Трамп за крајот на војната во Украина – ултиматумот истекува!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постигнал „разбирање“ со Доналд Трамп за иднината на војната во Украина по нивниот состанок во Алјаска минатиот месец. Но, иако тврди дека е направен чекор кон мир, сè уште не е јасно дали ќе прифати директни преговори со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Трамп, според извештаи, му дал рок до понеделник за конечен одговор. Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, откри дека Москва можеби ќе прифати и безбедносни гаранции за Украина, иако Кремљ засега молчи.

Путин зборуваше на самитот на Шангајската организација за соработка во Кина, каде се сретна со Ши Џинпинг и Нарендра Моди. Тој им се заблагодари за поддршката и ја обвини Западната алијанса дека ја испровоцирала војната со обиди да ја вовлече Украина во НАТО.

Во исто време, францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека, ако Путин не прифати мировни разговори со Зеленски, тоа ќе значи дека повторно „се поиграл со Трамп“.

Американскиот претседател веќе неколку пати најави дека може да ја заврши војната за само еден ден, а по последната средба со Путин, наместо привремен прекин на огнот, повика на траен мировен договор.

Дали Путин навистина ќе се согласи на мировен процес или ова е уште една геополитичка игра – ќе се знае многу скоро, бидејќи времето што му го даде Трамп истекува.

Escape