Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер синоќа ја потресе Авганистанската покраина Кунар, оставајќи зад себе вистинска катастрофа. Според најновите информации, бројот на жртвите надмина 800, а повредени се повеќе од 2.800 луѓе.
Потресот се случил во недела вечер околу 23:30 часот по локално време, со епицентар во близина на градот Џалалабад, недалеку од границата со Пакистан, на длабочина од само десет километри. Ударот бил толку силен што буквално срамни цели села со земја.
Министерството за внатрешни работи на талибанската влада објави дека во Кунар животот го загубиле повеќе од 600 лица, а во соседната провинција Нангархар досега се потврдени најмалку десет жртви.
Очевидци сведочат за сцени на хорор – под урнатините на куќите сè уште има заробени деца и целосни семејства. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до настраданите, но разурнувањата се огромни и пристапот е речиси невозможен.
Авганистан повторно се соочува со трагедија која го парализира целиот регион и предизвикува страв од нови потреси.
Видео: