ПРВ.мк
Свет

Нетанјаху остро отфрла делумни договори со Хамас и ослободување на заложниците

Нетанјаху остро отфрла делумни договори со Хамас и ослободување на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно истакна дека секој договор со Хамас за делумно примирје или ослободување на заложниците „не е на маса“, пренесуваат израелските медиуми.

За време на шестчасовната седница на кабинетот за безбедност, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир предложи гласање против какви било делумни договори, на што Нетанјаху одговори дека тоа не е потребно бидејќи „не е на маса“, јавува „Тајмс оф Израел“.

Премиерот откри дека претседателот на САД, Доналд Трамп, го повикал и му изјавил дека не прифаќа делумни договори со Хамас, туку ја поддржува целосната офанзива против „таа терористичка група“. „Заборавете на делумните договори. Одете со полна сила и завршете го тоа“, му рекол Трамп, јавува „Танјуг“.

Пред состанокот, неименувани извори за Канал 12 открија дека Трамп врши зголемен притисок врз Нетанјаху да ја забрза победата над Хамас.

Реакцијата не изостана: Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица истакна дека Нетанјаху ги отфрла делумните рамки за кои претходно имало согласност и ја води стратегијата која „не е стратегија на преговори, туку стратегија на опструкција“.

Escape