ПРВ.мк
Македонија

Драма во центарот на Скопје: Автобус број 57 се запали – патниците панично се симнаа

Драма во центарот на Скопје: Автобус број 57 се запали – патниците панично се симнаа

Утринава автобус на ЈСП со број 57 се запали во строгиот центар на Скопје, во близина на Македонскиот народен театар. Густ чад се издигаше од возилото, предизвикувајќи паника меѓу патниците кои брзо се симнаа, стравувајќи автобусот да не експлодира или целосно да се запали.

За среќа, нема повредени, но деталите за материјалната штета на автобусот сè уште не се познати. Ова не е прв ваков инцидент – во последните години се забележуваат повеќе случаи на запалување на автобуси на ЈСП за време на возење.

Escape