ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ: Голема тепачка го наруши изборниот состанок на ДУИ во Чаир

НАЈНОВА ВЕСТ: Голема тепачка го наруши изборниот состанок на ДУИ во Чаир

Вечерва во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во близина на ресторанот „ФАФА“, каде што присутни беа и партискиот лидер Али Ахмети, како и кандидатот за општина Чаир, Бујар Османи, избувна голема пресметка меѓу две групи, јавуваат медиуми на албански јазик.

Настанот се случил околу 19:00 часот, за време на собир што беше најавен како средба со политичкиот актив на ДУИ во Чаир. Според очевидци, по вербална расправија меѓу присутните, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, предизвикувајќи тензии и хаос.

Информациите од местото на настанот говорат за тепачка со тупаници и турканици, во која биле вклучени повеќе лица.

Незадоволството во ДУИ е очигледно, особено поради лошата состојба на теренот.

Escape