ПРВ.мк
Македонија

Делови од Скопје без струја: Петчасовен прекин ќе ги зафати овие улици

Делови од Скопје без струја: Петчасовен прекин ќе ги зафати овие улици

Граѓаните од делови на скопската општина Аеродром утре ќе останат без електрична енергија поради закажани технички зафати во електро-мрежата.

Според енергетската компанија, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги зафати жителите на улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чавец.

Од компанијата информираат дека овие интервенции се неопходни за унапредување на мрежата и повисок квалитет на снабдување со електрична енергија. Воедно, апелираат граѓаните навремено да се прилагодат и да ги организираат своите дневни обврски во согласност со прекинот.

Escape