ПРВ.мк
Свет

Мадуро предупредува: Американска воена сила со бродови и подморница распоредена близу Венецуела

Мадуро предупредува: Американска воена сила со бродови и подморница распоредена близу Венецуела

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти дека неговата земја се соочува со голема закана поради присуството на американска војска во Карибите. Според него, осум воени бродови со околу 1.200 ракети и подморница се наоѓаат во близина на венецуелските води.

Мадуро изјави дека се стравува од можен воен десант, иако САД официјално не најавиле инвазија. Американската армија е распоредена во рамки на операција против меѓународната трговија со дрога, при што Вашингтон го обвинува венецуелскиот претседател за водење на таканаречениот „Сончев картел“. Американската администрација дури ја зголеми наградата за негово апсење на 50 милиони долари.

Како одговор, Мадуро активирал „специјален план“ за распоредување на повеќе од 4,5 милиони припадници на милицијата, како и морнарица и беспилотни летала за заштита на територијалните води.

Милицијата, формирана од поранешниот претседател Уго Чавез, брои околу пет милиони цивили и резервисти кои се под команда на вооружените сили.

„Соочени со максимален воен притисок, прогласивме максимална подготвеност да ја браниме Венецуела“, истакна Мадуро, додавајќи дека Каракас нема да попушти на уцени или закани.

Escape