ПРВ.мк
Македонија

ЧАД И УЖАС ВО АЕРОДРОМ: Децата на првиот училишен ден со маски, наместо тетратки – труење од Вардариште!

ЧАД И УЖАС ВО АЕРОДРОМ: Децата на првиот училишен ден со маски, наместо тетратки – труење од Вардариште!

Првиот училишен ден во скопската општина Аеродром наместо со насмевки и возбуда почна со страв и паника. Родителите и децата беа пречекани со густ чад и неподнослива миризба која се ширеше низ целата околина, а изворот на загадувањето, според жителите, повторно е депонијата Вардариште.

Многу деца буквално влегоа во училниците со заштитни маски, наместо со тетратки и книги во раце. Родителите сведочат дека им било страв да ги пуштат децата сами на училиште, бидејќи чадот предизвикувал печење во очите, вртоглавица и кашлица.

Жителите алармираат дека ова не е изолиран случај и дека со години се борат против труењето што доаѓа од Вардариште. Тие тврдат дека институциите молчат и не преземаат ништо, иако ситуацијата станува сè поопасна и по алармантна.

„Ова е вистинска еколошка катастрофа. Децата ни почнуваат со труење наместо со знаење. Зарем некој треба да заврши во болница за конечно да се реагира?“ – револтирано коментираат родителите.

Граѓанските организации најавуваат протести и бараат итно затворање на депонијата. Тие предупредуваат дека доколку надлежните и натаму ја игнорираат опасноста, ќе се бара одговорност на сите нивоа.

Општината и државните институции засега не даваат јасни одговори кога конечно ќе се реши проблемот со Вардариште, додека жителите секојдневно живеат во страв за своето здравје и здравјето на децата.
Се повеќе граѓани прашуваат – до кога Скопје ќе биде заложник на труењето од Вардариште?

Видео:

Escape