ПРВ.мк
Црна Хроника

Заседа врз “Пантерите” откако фатија директор во педофилски скандал

Заседа врз “Пантерите” откако фатија директор во педофилски скандал

Во областа Илиџа синоќа избувна жесток инцидент меѓу членови на организацијата „Пантер“, позната по борбата против педофилијата, и група вооружени лица. Кантоналното МВР потврди дека се работи за нарушување на јавниот ред и мир, но неофицијалните информации откриваат многу подраматична слика.

Според пишувањата на „Аваз“, „Пантерите“ поставиле акција во која наводно бил фатен директор на едно јавно претпријатие во Сараево во педофилска активност. Кога групата одбила да го сокрие случајот и да ја задржи снимката, наводно им била поставена „сачекуша“. Заседата, според истите извори, ја организирал самиот директор со свои поддржувачи.

Доаѓа до физичка пресметка, а ситуацијата ескалирала кога вооружените лица се обиделе да ги спречат „Пантерите“ да ја објават снимката. Еден од членовите на организацијата потврдил за „Аваз“ дека во моментот дава исказ во полициската станица, објаснувајќи дека целата акција имала цел да се прикрие идентитетот на директорот.

Случајот предизвика силна вознемиреност во јавноста, бидејќи отвора сериозни прашања за злоупотреба на моќ и за тоа колку далеку може да оди обидот за прикривање на вакви скандали.

Escape