ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор на патиштата: Автомобил се преврте, четворица завршија во болница!

Хорор на патиштата: Автомобил се преврте, четворица завршија во болница!

Вистинска драма се случи на автопатот Гоце Делчев, во правец од Свети Николе кон Скопје, кога патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски таблички се преврте во близина на клучката Коњари. Автомобилот го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје, кој заедно со тројца сопатници завршил во болница.

Во несреќата најтешко помина малолетна сопатничка која добила тешки телесни повреди, додека возачот, неговата 36-годишна сопатничка С.Н. и уште едно дете се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е укажана медицинска помош.

Екипи на СВР Скопје извршиле увид на местото на несреќата, а причините за трагичниот преврт на автомобилот сè уште се истражуваат.

Драматичната сцена ги вознемири сведоците кои велат дека моментот бил шокантен и дека само за среќа нема загинати.

Escape