ПРВ.мк
Македонија

„Ќе те убијам“ – татко од Скопје тепал четиригодишната ќерка, Обвинителството бара притвор

„Ќе те убијам“ – татко од Скопје тепал четиригодишната ќерка, Обвинителството бара притвор
Escape

Скопското обвинителство поднесе обвинение против маж од населбата Драчево за семејно насилство врз неговата четиригодишна ќерка. Настанот се случил на 21 јуни, кога таткото ја нападнал девојчето додека играло со своите сестри. Детето се качило на креветот за да земе играчки, што го вознемирило обвинетиот. Тој почнал да ја навредува, а потоа и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи ѝ телесни повреди – гребаници, набиеници и подливи.

Покрај физичкото насилство, таткото и упатувал и смртни закани.

Обвинителот предложи продолжување на притворот поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Обвинението е поднесено за кривично дело „Телесна повреда“ согласно член 130 од Кривичниот законик.

Mia Home Mavrovo