Трагедија го потресе Халкидики – 20-годишен момче од Македонија почина откако доживеал срцев удар додека бил во морето, на плажата Ханиоти. Според грчките власти, момчето било извлечено без свест од морето и веднаш било пренесено со брза помош до здравствениот центар во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.
Волонтерот спасувач Јоанис Колокитас, кој стигнал на местото само две минути по повикот, изјави дека спасувачката на плажата и неколку капачи успеале да го извлечат телото од водата и веднаш започнале со реанимација, користејќи и автоматски дефибрилатор. Колокитас учествувал и во транспортот на момчето до болницата, продолжувајќи со кардиопулмонална реанимација до самиот крај – но напорите, за жал, не вродиле со резултат.
Грчката крајбрежна служба спроведува истрага, а телото ќе биде пренесено на судска обдукција во Солун за да се утврдат точните причини за смртта.