ПРВ.мк
Наука/Технологија

Русија стартува со нова вакцина против рак – надеж за пациенти со меланом и рак на бели дробови

Русија стартува со нова вакцина против рак – надеж за пациенти со меланом и рак на бели дробови
Escape

Од септември во Русија започнуваат клиничките испитувања на две нови вакцини против рак, а научниците очекуваат револуционерни резултати. Првата е ентеромикс вакцина, базирана на ентеровируси, а втората – персонализирана mRNK вакцина – е дело на тимот предводен од академик Александар Гинзбург и патолошкиот експерт професор Сергеј Бољевиќ.

Според Бољевиќ, оваа вакцина е индивидуално создадена за секој пациент врз основа на туморски и здрав ткивен материјал. Со помош на вештачка интелигенција, се анализираат милиони можни мутации за само неколку часа, а вакцината е подготвена за 7 до 10 дена. Лечењето трае 5–6 месеци и се следи неделно. Досегашните тестирања кај глувци со меланом покажале 100% ефективност.

Првично, вакцинацијата ќе се применува кај пациенти со меланом и рак на белите дробови во четврт стадиум, а понатаму и кај рак на бубрези, дојка, панкреас и дебело црево – но само кај пациенти со сочуван имунолошки систем.

Испитувањата ќе се спроведуваат во два центри во Москва, каде веќе се подготвени групи од по 30 пациенти. Се планира и вклучување на странски пациенти, но лекувањето ќе биде достапно само за оние што ги исполнуваат строги критериуми.

За руските граѓани вакцината ќе биде бесплатна, додека странските пациенти ќе треба да платат, поради високите трошоци за персонализирано лекување. Ако првата фаза биде успешна, Русија планира да ја сподели оваа технологија со светот.

Mia Home Mavrovo