Во централниот мексикански град Ирапуато, се случил брутален напад на отворена забава, при што биле убиени 12 лица, меѓу кои и жени. Нападот се случил додека настанот се пренесувал во живо на Фејсбук. Гостите уживале во музика и танц кога одеднаш вооружени напаѓачи пристигнале и почнале да пукаат.
Неколку лица се повредени, меѓу нив и едно дете. Полицијата сè уште го истражува мотивот на нападот, а засега нема информации за приведени осомничени. Локалниот весник АМ јавува дека видеото од стримот веќе кружи на социјалните мрежи, поттикнувајќи бурни реакции во јавноста.
Градот Ирапуато, и претходно бил сцена на насилни пресметки поврзани со организиран криминал, но овој настан повторно ја потсети јавноста на сериозноста на безбедносната криза во регионот.
Видеото од настанот можете да го погледнете тука.