Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не се појавил јавно веќе седум дена, што предизвика загриженост во иранската јавност и политичка сцена. Според Њујорк тајмс, Хамнеи бил преместен на тајна локација уште на 13 јуни, кога избувнаа судирите со Израел, поради страв од евентуален атентат, дури и за време на примирјето.
Иако конфликтот со Израел е смирен, властите не објавија никакви детали за неговата здравствена состојба или за тоа дали тој сѐ уште има активна улога во одлучувањето. Официјални лица тврдат дека мерките за безбедност се на високо ниво, а неговиот близок соработник Мехди Фазели уверува дека „народот ќе ја прослави победата со својот лидер“.
Меѓутоа, неговото молчење отвора простор за шпекулации и ги разгорува внатрешните тензии во иранското раководство – особено меѓу умерените и тврдокорните струи – кои различно гледаат на иднината по деескалацијата со Израел.
Видеото можете да го погледнете тука.