ПРВ.мк
Свет

Полицијата во шок: Видео од интимен однос во службена кола стана вирално – следи истрага

Полицијата во шок: Видео од интимен однос во службена кола стана вирално – следи истрага
Escape

Скандал ја потресе кипарската полиција откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат двајца полициски службеници во интимен однос во службена кола, сред бел ден, на ливада близу Ларнака. Полицијата го потврди видеото како автентично и информираше дека инволвираните лица се идентификувани и веднаш суспендирани. Едниот бил на должност во моментот на инцидентот.

„Таквото однесување е недозволиво и ја поткопува довербата што ја ужива полицијата кај јавноста“, изјавија од МВР. Во тек е и истрага за дисциплинска и евентуално кривична постапка, заради занемарување на службени обврски и непристојно однесување на јавен простор.

Истрагата ќе се прошири и на лицето што го снимило и објавило видеото, заради можни прекршувања на законите за заштита на лични податоци. Полицијата апелираше до јавноста за воздржаност, потсетувајќи дека случајот засега и приватни семејства.

Mia Home Mavrovo