Поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ, е приведен по претрес на неговиот дом во Крагуевац, под сомнение за повикување на насилна промена на Уставот и загрозување на државната безбедност. Според западни разузнавачки извештаи, Антиќ е посочен како агент на влијание на руската ФСБ. Неговиот адвокат потврди дека во притвор започнал штрајк со глад.
Овој случај доаѓа во време на засилена безбедносна криза во Србија, откако шест лица беа уапсени поради наводно планирање насилни напади врз државни институции, полицијата и медиумите, вклучувајќи ја и РТС. Групата се сретнала на 21 јуни во хотел во Краљево, при што, според МВР, било планирано користење оружје.
Антиќ и претходно бил под лупа – во 2024 година беше уапсен поради сомнеж за проневера, по што беше сменет од синдикалната функција.
Паралелно, уапсен е и 20-годишниот студент Стефан Томиќ, осомничен за повикување на државен удар. Студентски организации го осудија апсењето, нарекувајќи го акт на заплашување пред најавениот протест на Видовден, 28 јуни.