Франција ја погоди силно невреме со ретка бура позната како „деречо“, при што загинаа две лица, а над 17 беа повредени. Бурата, придружена со ветрови над 90 км/ч и речиси 17.000 удари од гром, предизвика големи штети, посебно во Оверњ, Бургундија и Лимузен.
Меѓу жртвите е 12-годишно момче врз кое паднало дрво, и моторист кој загинал од сличен инцидент. Илјадници домаќинства останале без струја, сообраќајот е нарушен, а пожарникарите интервенирале на над 1.000 локации. Во Валај се срушила и камбанаријата на црквата.
Иако тревогата за грмежи е повлечена, во некои региони, како Рона и Изер, останува активна тревога за топлотен бран.
Видеото можете да го погледнете тука.