Вчера попладне на улицата „Панче Попоски“ во Гостивар, патничко возило „Опел Вектра“ управувано од 46-годишен маж удри во пешак од село Форино.
Пешакот (41) е пренесен во Медицинскиот центар со тешки телесни повреди, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Инцидентот се случил околу 15:15 часот, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.