ПРВ.мк
Свет

Би-Би-Си предупредува: Нападите можеби само го забрзаа нуклеарниот план на Иран

Би-Би-Си предупредува: Нападите можеби само го забрзаа нуклеарниот план на Иран
Escape

Американските и израелските напади врз Иран можеби не само што не го спречија, туку го забрзаа нуклеарниот развој на Техеран, оценува Би-Би-Си во анализа базирана на протечени разузнавачки информации.

Според нивниот дописник Хуго Бачега, последните напади – и покрај сериозната штета и убиствата на ирански научници – го натерале иранското раководство уште посилно да се фокусира на создавање на нуклеарно оружје. Иранскиот парламент веќе изгласа прекин на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија, испраќајќи порака дека нема повлекување.

Претседателот Трамп повторно тврди дека Иран никогаш нема да има нуклеарна бомба, но во Техеран владее спротивен став – веруваат дека токму нуклеарната закана е единствената гаранција за безбедност. „Границата е премината“, вели Бачега, според кого Иран се води по моделот на Северна Кореја – никој не ја напаѓа, бидејќи е нуклеарна сила.

Иранските власти сега размислуваат дури и за повлекување од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT), а останува нејасна и судбината на над 400 килограми ураниум обогатен до 60% – само еден чекор до нуклеарно оружје.

Иако примирјето меѓу Иран и Израел моментално се почитува, нови преговори за нуклеарен договор изгледаат далечно сценарио. Еден од клучните услови на САД – целосна забрана на обогатување ураниум во Иран – повторно е одбиен од Техеран.

Специјалниот пратеник Стив Виткоф изјави дека „време е за нов мировен договор“, но Би-Би-Си забележува дека просторот за компромис е многу тесен. Иран засега не попушта.

Mia Home Mavrovo