Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот состанок со Доналд Трамп како долг и важен разговор за тоа како да се донесе вистински мир и прекин на огнот во Украина.
Тој му ги пренел на американскиот претседател вистинските случувања на фронтот и изјави дека Путин дефинитивно не е во позиција да победи. Зеленски исто така говореше за потребата од повеќе американски системи за воздушна одбрана и зајакнување на соработката во производство на беспилотни летала.
Трамп пак најави дека ќе размисли за испорака на дополнително оружје „Патриот“ за Украина, иако обезбедувањето на тоа оружје е предизвик.
Двајцата лидери ги истакнаа важните чекори што треба да доведат до заштита на украинските граѓани и инфраструктурата, како и размена на воени заробеници.
Зеленски се заблагодари за поддршката од САД и ја потенцираше решеноста на Украина да ја продолжи борбата и да изгради силна одбрана.














