Дарко Златев, кој беше повреден во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, емотивно ја опиша својата борба и големата болка по загубата на своето „ангелче“ — неговата внука.
Тој вели дека не се нервира поради изгорениците на рацете, туку што изгубил најмилата личност во животот.
„Бевме на забава со другарите, седевме блиску до бината од каде што почна пожарот. Кога забележав дека плафонот се пали, почнавме да гасиме со вода и ПП-апарат, но тој не беше доволно ефективен. Во моментот кога пејачот почна да вика да се излегува, плафонот веќе целосно гореше. Бев заглавен крај вратата, снема струја, беше многу чад. Го ставив само рацете пред главата да не ми изгори, се откажав, но еден колега ме извлече надвор. Без обувки, без алишта…“
По првите медицински интервенции во Кочани и Скопје, Дарко беше пренесен во Белград каде имаше трет степен изгореници, трансплантации на кожа од нозете на рацете.
„Се јавив кај сестра ми да прашам за внука ми и дознав дека е почината. Бев во длабока депресија, не можев да го прифатам тоа. Воопшто не ме загрижуваат раните, туку загубата на моето ангелче, која беше најважното нешто во мојот живот. Животот ми се промени засекогаш,“ рече Дарко со солзи во очите.