ПРВ.мк
Македонија

Масовна полициска акција во Скопје: Седум лица уапсени

Масовна полициска акција во Скопје: Седум лица уапсени
Escape

Во текот на ноќта помеѓу 23 и 24 јуни, скопската полиција спроведе голема акција на повеќе локации во градот и приведе седум лица – Р.Б. (28), К.К. (34), С.И. (28), Ф.М. (27), Р.Ј. (24), Д.А. (19) и А.Е. (23), сите од Скопје.

При претресите, полицијата кај осомничените пронашла и одзела марихуана, бела прашкаста материја (за која се сомнева дека е кокаин) и непозната течност. Сите лица се приведени, а предметите се испратени на вештачење.

Случајот е преземен од СВР Скопје и против уапсените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Mia Home Mavrovo