ПРВ.мк
Свет

Иран: Ќе го почитуваме примирјето ако и Израел се воздржи

Иран: Ќе го почитуваме примирјето ако и Израел се воздржи
Escape

Иранскиот претседател Масуд Пазешкијан порача дека Техеран нема да го прекрши прекинот на огнот освен ако Израел прв не го наруши. Во изјава за државната агенција IRNA, тој подвлече дека Иран е подготвен за преговори, но и цврсто ќе ги брани правата на својот народ.

Од другата страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ќе се воздржи од понатамошни напади. Трамп, кој вчера објави дека е постигнат прекин на огнот, изрази надеж дека тој ќе биде стабилен – и покрај тоа што и Израел и Иран се обвинија за прекршување на договорот.

Mia Home Mavrovo