Градската плажа Кан Пере Антони во Палма де Мајорка беше за секунда испразнета откако спасувачи забележаа нешто чудно во водата – а тоа, шокантно, се покажало како фекалии! Беше истакнато црвено знаме и прогласена опасност од загадување.
Но вистинскиот шок дојде откако дел од капачите, и покрај забраната, се вратија да пливаат во нечистотијата. Полицијата мораше да интервенира за да ги тргне од водата и да објасни колку е опасно.
Следниот ден, дел од плажата повторно беше отворен, но со жолто знаме и предупредувања – додека кај плажниот бар Асаона сè уште важи црвено знаме и се чекаат резултати од испитувањата.
Причината за фекалиите? Засега непозната – но дожд немало со денови…