На сервисната улица меѓу булеварите „Никола Карев“ и „Крсте Мисирков“, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која 18-годишен возач со автомобил „Фолксваген Лупо“ прегазил 67-годишен пешак од Скопје.
Инцидентот бил пријавен во 16:00 часот во СВР Скопје. Повредениот пензионер бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се сѐ уште се истражуваат.