Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше забележан во сосема поинакво издание на Светскиот НАТО самит – овојпат во елегантно црно одело, наместо препознатливата воена облека.
На свечениот прием во Кралската палата во Ден Бош, каде присуствуваа кралот Вилем-Александер, кралицата Максима и други светски лидери, Зеленски го привлече вниманието со својот нов изглед – и веднаш ја разгоре јавната дебата.
Само неколку месеци порано, за време на посетата во Белата куќа, Зеленски беше прашан од новинар: „Зошто не носите одело? Имате ли воопшто?“ На што одговори со сериозен тон: „Ќе облечам одело кога ќе заврши војната… можеби некое како вашето.“
Па, дали сега заврши војната или почнува нова – дипломатска? Социјалните мрежи веднаш го „прочитаа“ потегот како порака до Вашингтон – особено пред најавената средба со Доналд Трамп, на маргините на самитот.
Во услови на зголемена несигурност околу американската поддршка, промената во стилот можеби е повеќе од мода – можеби е стратегија. А можеби... само сакал да изгледа убаво.
Видеото можете да го погледнете тука.