ПРВ.мк
Македонија

Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ ќе се одвива во Скопје – реши Врховниот суд

Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ ќе се одвива во Скопје – реши Врховниот суд
Escape

Врховниот суд на Северна Македонија денес одлучи дека Кривичниот суд во Скопје ќе биде надлежен да го води судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица.

Одлуката следува откако Основниот суд во Кочани се иззема од случајот, бидејќи сите петмина судии од тој суд веќе постапувале во прв или втор степен во поврзани постапки.

➡️ Според соопштението:„Врховниот суд со Решение КР-35/25 го определи Кривичниот суд Скопје како стварно и месно надлежен за предметот КООА.бр.13/25, оформен за настанот од 16 март 2025.“

📍 Апелациониот суд во Штип, исто така, оцени дека ни судовите во Кочани, Штип или Струмица не се соодветни за ваков сериозен и комплексен случај.

Со оваа одлука, 34 лица обвинети за причините и последиците од пожарот ќе се соочат со правда пред најголемиот кривичен суд во државата.

Mia Home Mavrovo